Ако Македонија преземе мерки сега, децата родени денес би можеле да бидат поздрави, побогати, попродуктивни


Новиот индекс за човечкиот капитал изготвен од страна на Светска банка, мери колку земјите губат од економската продуктивност поради недоволното вложување во своите луѓе

Скопје, 11 октомври, 2018 година — Новото истражување на Светска банка, објавено денес, им дава на креаторите на политики уверливи докази дека испорачувањето на подобри резултати во смисла на здравјето и учењето на децата може значително да ги зголеми приходите на луѓето – и на земјите – со значителни придобивки на долг рок.

Човечкиот капитал – знаењето, вештините и здравјето, што луѓето го стекнуваат во текот на својот живот – е клучен фактор за одржаниот економски раст и стапките на намалување на сиромаштијата во многу земји во 20-тиот век, особено во источна Азија.

„За најсиромашните луѓе, човечкиот капитал е најчесто единствениот капитал што го имаат,“ изјави претседателот на Групацијата Светска банка Џим Јонг Ким. „Човечкиот капитал е еден од клучните двигатели на одржливиот, инклузивниот економски раст, но здравјето и учењето на луѓето сепак не го добиваат вниманието кое го заслужуваат. Сакам овој индекс – кој директно ги поврзува исходите во здравјето и во образованието со идната продуктивност – да ги поттикне земјите на преземат мерки за подобрување на резултатите.“

„Очекувањата се зголемуваат за сите“, додаде Ким. „Човечкиот капитал е важен за сите земји и за сите нивоа на приходи да можат да се натпреваруваат на полето на економијата во иднина.“

Индексот на човечкиот капитал (ИЧК), покажува дека дете родено во Македонија денес ќе достигне 53 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и биде потполно здраво. Во Македонија, ИЧК кај девојчињата е повисок отколку кај момчињата, односно изнесува 0,55 во споредба со 0,52 на скала од 0 до 1.

Индексот на човечкиот капитал на Македонија е понизок отколку просекот на регионот и група на приходи. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6,8 години што значи дека има јаз во учењето од 4,4 години. Всушност, ИЧК укажува дека дете родено денес во Македонија кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво. Во врска со резултатите во здравството, извештајот покажува дека 99 од 100 деца родени во Македонија доживуваат до 5 годишна возраст.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …