Ако влеземе во ЕУ, може да ни воведат „данок Google”


Гинтер Отингер, кој ќе ја преземе функцијата на комесар за дигиталната економија во новата Европска комисија, планира да ги реформира сегашните правила за заштита на интелектуалната сопственост во ЕУ, во текот на следната година. Една од предвидените мерки е воведувањето на т.н. „Данок Google”, кој во моментот се применува само во Германија, информира EurActiv.

Ова ги обврзува интернет пребарувачите да плаќаат данок за прикажување на материјали кои се заштитени со авторски права.

„Ако Google зема и користи интелектуална сопственост од ЕУ, ЕУ може да го заштити тоа и да побара Google да плати”, изјави Јотингер за германскиот весник Handelsblatt.

Според него, следниот чекор е да се утврди што точно е интелектуална сопственост и какви права можат да бидат утврдени во однос на уметниците, истражувачите и авторите.

„Конечно доаѓа прашањето за компензацијата”, коментира Отингер. Според него за правата за употреба мора да плаќаат не само европските потрошувачи, но и државните компании, вклучувајќи го и Google.

Според него тоа е тешка задача, која ќе трае најмалку една година.


Видете следно

Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непостапување по здравствените прописи

Обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на …