Акциите на Facebook со над 100% раст за 12 месеци


Акциите на Facebook додале 108.9% на својата вредност во последните 12 месеци.

Компанијата во мај 2012 година имаше акции со цена од 38 долари. Во рамките на околу три месеци цената падна под 20 долари, за да забележи дури и историски минимум од 17.73 долари на 4 септември 2012 година.

Оттогаш наваму цената бележи постојан раст, а во петокот дојде на ниво од 40.55 долари за акција.

Според последните податоци пазарната проценка на социјалната мрежа изнесува 98.75 милијарди долари.


Видете следно

„Дрекслмајер” донираше над илјада визири за медицински лица од неколку општини

„Дрекслмајер” донираше над 1000 сертифицирани заштитни визири за тие кои секојдневно се наоѓаат во првитередови …