Акциите на Google скокаат со 5%


Американската интернет компанија Google забележа раст од 36% во приходите во четвртиот квартал од минатата година. Од раководството соопштуваат дека стигнале до годишен приход од 50 милијарди долари, за прв пат во историјата.

Профитот на компанијата ги зголемил до 10.65 долари по акција, што се покажа над просечните очекувања на аналитичарите.


Акциите на компанијата регистрираа сериозно зголемување на пазарот, додавајќи 5.1% на својата вредност односно до 738.85 долари за акција. За време на берзанското тргување тие забележаа намалување од околу 1%.

За најдобри резултати придонесува насочувањето на средствата од страна на трговските синџири на онлајн-рекламирањето, како и продолжувањето на сезоната за купување на подароци.


Вкупниот износ на интернет трговијата се зголемил за 14% во последните два месеци од минатата година, откако американските трговски синџири се обложуваат повеќе на мобилното рекламирање.

Компанијата располага со околу 67% од пазарот на пребарување во САД во декември, наспроти 16% за Microsoft Corp. и 12% за Yahoo! Inc.



Видете следно

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари …