Фото: Qualcomm San Diego, California

Акциите на Qualcomm пораснаа за 23 отсто


Двете технолошки компании Qualcomm Inc и Apple Inc. постигнаа изненадувачки договор, по што на iPhone повторно ќе можат да ги користат модемите на Qualcomm.

По веста, акциите на Qualcomm пораснаа за 23 отсто на 70,45 долари – најголемата добивка во последните 19 години.

Договорот помеѓу Qualcomm и Apple вклучува шестгодишен договор за патентен чип за производителот на чипови, како и за плаќање од производителот на iPhone. Двете компании не го специфицираа износот. Со оглед на тоа што Qualcomm веќе испорачува 5G чипови и Intel сеуште ги развива, договорот ќе му помогне на Apple да се бори со Samsung Electronics Co. и другите компании.

Договорот доаѓа по две години тешки борби меѓу двете компании. Apple го обвини Qualcomm дека користи нелегални практики за одржување монопол на пазарот на чипови кој ги поврзува телефоните со мобилните мрежи. Qualcomm рече дека Apple ја користи својата технологија без да плаќа.

Од Qualcomm соопштија и дека договорот ќе генерира дополнителни 2 долари по акција од екстра профит.


Видете следно

Се помалку се запишуваат студенти на високите стручни школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република …