Акција „Секој ден е ден на планетата Земја” за заштита на дрвјата низ Тетово


Активисти на Локалниот младински совет при општина Тетово започнаа активности наречени „Секој ден е ден на планетата Земја”, а насочени кон заштита на младите засадени дрвја низ градот. Во рамки на акцијата се поставува заштитно средство на стеблата од дрвјата.

-Ноќеска беше прв ден од активностите, а ќе работиме вкупно 10 дена. Се поставува вар на стеблата од дрвјата како начин на нивна заштита и дезинфекција. Првиот ден се поминаа околу 100 стебла на улицата Илинденска од плоштадот до Шарена Џамија. Активностите се извршуваат кога нема метеж во координација со полиција и општина Тетово во време на полициски час, изјави Олти Есати од Локалниот младински совет.

Членовите на Локалниот младински совет се поделени во две групи кои наизменично ќе ја извршуваат акцијата во текот на наредните денови. Вечерва ќе работат на булеварот Илирија од плоштадот до пазарот.

Тетово, 22 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Водич за негување на нервниот систем- Совет број 3: Вежбајте ментална гимнастика

Кога целиот свет е фокусиран на една состојба, најдобриот лек секогаш е дефокусот од истата. …