Акција за пошумување на територијата на Општина Валандово


Гевгелија,19 ноември 2020 (МИА) – Како дел од планираните активности од областа на одгледување, заштита и обновување на шумите, подружницата „Саланџак” од Валандово веќе неколку дена спроведува акција за пошумување на опожарени и оштетени терени со кои стопанисува.

Од валандовската подружница информираат дека пошумувањето им претставува приоритет според програмата за работа во 2020 година и дека на неколку локации во градот и општината ќе бидат засадени 250 садници.

– Деновиве во тек се активностите за пошумување во шумската стопанска единица „Анска река” каде беше опожарена површина од три хектари со четириесет годишен насад од бел бор. На таа површина сега ја обновуваме шумата со млади стебла од црн бор и багрем, велат од „Саланџак”.

Акцијата ја поздрави градоначалникот Перо Костадинов, кој истакна дека за Општина Валандово претставува зголемување на постоечкото зеленило, создавање нови зелени површини, како и инвестирање во чиста и здрава животна средина. им/фф/

2020-11-19 13:28:11, од Илија Манолов, Гевгелија


Видете следно

Бочварски: Државата ќе помогне во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро

Државата нема намера да презема од ингеренциите на општините, но секако дека ќе им помогне …