Денеска (29.01.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција од сите сектори за внатрешни работи, во координација со претставници на ДПИ, ДИТ и УЈП, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации. Во контролата беа опфатени и 18 казина на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово. За време на контролата, на територија на СВР Скопје, поточно на подрачјето на Чаир, е констатиран еден прекршок по чл.80 од Законот за оружје, при што кај Б.И.(31) од Косово е пронајден и одземен нож, а на подрачјето на Кисела Вода прекршок по Законот за странци, при што е приведен О.О.(32) од Република Турција поради непријавен престој во државата. Притоа, од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица.
