Албанија со 150 милиони долари ќе го реструктуира енергетскиот сектор


Светската банка потпиша договор со албанската влада во Тирана за заем во износ од 150 милиони долари. Со распределените средства ќе се финансира проектот за реструктуирање на енергетскиот сектор во Албанија, кој се наоѓа на прагот на банкрот.

Претставничката на Светската банка Елен Голщејн, изјави дека реформите се единствениот начин за Албанија и дека тие треба да се реализираат без оглед на високата нивна цена.

„Се трудиме да ја доведеме енергетиката, од тесно грло со долгови, во еден финансиски стабилен сектор во 2018 година”, рече министерот за енергија на земјата.

Околу 95 милиони долари од заемот ќе биде искористен за поврзување со нови 300 000 корисници и за зголемувањето на капацитетот на трансформатори во регионот на главниот град Тирана, каде што живеат околу една третина од жителите на земјата.

Друг дел од средствата ќе бидат искористени за набавка и поставување на 2 600 километри кабли за висок и низок напон, како и за имплементација на модерен систем за полнење, која ќе покрие 50% од корисниците.

Истовремено со добивањето на заем од Светската банка, албанската влада и другите партии ќе обезбедат над 125 милиони долари за инфраструктурни проекти до 2020 година, кои ќе го помогнат енергетскиот сектор, пренесе „Ројтерс”.

Пред извесно време албанската влада си ја врати сопственоста на електричната компанија, кои во 2009 година беа продадени на чешката компанија ЧЕЗ.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …