Amazon ќе инвестира $ 2 милијарди


Најголемиот синџир во светот за онлајн трговија Amazon објави дека ќе инвестира дополнителни 2 милијарди долари за проширување на своите активности во Индија.

Amazon прецизираше дека инвестициите ќе го поддржуваат брзиот раст на компанијата и ќе ја подобрат услугата.

„Гледаме огромен потенцијал во индиската економија и во растот на тргување во Индија“, истакна извршниот директор на Amazon Џеф Безос. Компанијата започна да работи во Индија во јуни 2013 година.

По нашата прва година одговорот на потрошувачите и на малите и средни компании во Индија ги надмина очекувањата, посочи Безос.

Тргувањето во Индија во 2013 година изнесуваше $ 13 милијарди, според локалните медиуми. До 2020 година се очекува да достигне $ 50-70 милијарди. Најголемиот индиски синџир за онлајн трговија Flipkart објави вчера дека собрала $ 1 милијарда свежи инвестиции.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …