Amazon ќе вработи 70 000 луѓе


Amazon Inc соопшти дека има намера да вработи 70 000 луѓе на полно работно време за сезонска работа околу празниците на крајот на 2013.

Компанијата има околу 88 400 работници.

Дејв Кларк, потпретседател, објасни дека компанијата има намера да вработи за постојано уште “илјадници”. Објавените 70 000 работни места се со 40% повеќе од вработените сезонски работници за истото време во 2012 година. Работните места ќе бидат во центрите за исполнување на нарачки во САД.

Amazon е најголемата онлајн малопродажба во светот. Компанијата вложи милијарди долари во проширување, а минатата недела ги претстави своите нови таблети со висока резолуција и уникатна карактеристика за помош.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …