Американски претставници: Русија шири дезинформации за вирусот


Разузнавачките служби на Русија користат три веб-страници на англиски јазик за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирусот во обид да ја искористат кризата што САД се обидуваат да ја спречат пред претседателските избори во ноември, нагласија американски претставници.

Двајца Руси од руското воено разузнавање, се идентификувани како одговорни за кампања за дезинформации чија цел е да стигнат до американската и западната публика, изјавија претставниците. Тие разговараа за Асошиејтед Прес под услов на анонимност затоа што не биле овластени да зборуваат јавно за тоа прашање.

Таа информација порано беше тајна, но според претставниците, нејзиното ниво на доверливост е намалено, така што тие можат да разговараат за тоа.

Помеѓу крајот на мај и почетокот на јули, рече еден од нив, веб-страниците објавиле околу 150 статии за анти-пандемични активности со цел или да се фалат Русија или да се клеветат САД. Меѓу насловите што го привлекоа вниманието на американските официјални лица беа „помошта од Русија на Америка против Ковид-19…” (што сугерира дека Русија им обезбедила на САД итна и значајна помош во борбата против пандемијата), како и – „Пекинг  верува дека Ковид-19 е биолошко оружје “.

Овие откритија се случуваат кога ширењето дезинформации, вклучително од Русија предизвикува сериозна загриженост пред претседателските избори во ноември во САД.

Во петокот, шефот на контраразузнавањето изјави дека Русија продолжува да користи тролови на интернет за да ги унапреди своите цели.

Изворите ја опишуваат руската дезинформација како дел од постојаните напори за промовирање на лажен наратив и предизвикување забуна. Тие не велат дека обидите на овие специфични страници се директно поврзани со изборите во ноември, но дел од материјалот видливо го омаловажува Џо Бајден, ривалот на Трамп и повикува да не ги заборавите обидите на Русија во 2016 година да ги затегнат меѓурасните односи во Америка и да предизвика тврдења за корупција врз политичките фигури во САД.

Иако американските власти претходно предупредуваа на ширење на дезинформации за пандемијата, во вторникот отидоа подалеку, посочувајќи ја новинската агенција со руска регистрација – InfoRos, која работи на веб-страниците InfoRos.ru, Infobrics.org и OneWorld.press. Тие ја користат пандемијата за да  постигнат антизападни цели и шират дезинформации.

Извори велат дека страниците го поминуваат својот наратив на сложен, но ефективен начин што го споредуваат со перење пари. Така, приказните напишани на добар англиски јазик и честопати со проруски чувства кружат во други извори на вести за да го сокријат својот извор и да ја зајакнат легитимноста на информациите. Покрај тоа, веб-страниците ги зајакнуваат материјалите од друго место, велат владини извори.

Покрај коронавирусот, тие во моментот се занимаваат и со вести од САД, светската политика и водечките теми.

Официјални претставници на САД идентификуваа двајца од луѓето за кои се верува дека стојат зад операциите на тие страници. Двајцата – Денис Валериевич Тјурин и Александар Генадиевич Старунски – имаа водечки позиции во ИнфоРос, но служече во специјализираната единица на ГРУ за воено-психолошко разузнавање и одржуваа блиски контакти со него, велат изворите.

Во извештаи и од Европа се наведува дека  „InfoRos” и „One World” се блиски до руското воено разузнавање. Истражувачите идентификувале технички докази што ги поврзуваат тие веб-страници со Русија, како и дел од финансиските врски на ИнфоРос со Владата.

„ИнфоРос се развива во сиво подрачје, каде редовните информативни активности се мешаат со многу контроверзни активности, кои најверојатно се поврзани со информативните операции на руската држава”, заклучија авторите на извештајот. на DisinfoLab со седиште во Брисел.

На својата Фејсбук страница, InfoRos се дефинира како „Новинска агенција: Светот низ очите на Русија”.

Њујорк, 29 јули 2020 (МИА) 


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега …