Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП-то


Пандемијата на коронавирусот во наредниот период ќе ги влоши долгорочните фискални перспективи на САД, а јавниот долг во 2050 година би можел да биде речиси двојно поголем од Бруто домашниот производ (БДП), соопшти независниот институт ЦБО.

Освен ако не се променат законите за даноци и потрошувачка, јавниот долг до 2050 година ќе достигне 195 проценти од американскиот БДП, соопшти Институтот во долгорочните прогнози за буџетот. Во ова НВО се вработени поранешни функционери на американската Централна банка (ФеД), Министерството за финансии и Конгресот.

Оваа прогноза САД би ги доближило до нивоата што сега се забележани во Јапонија и Грција, пренесуваат британските медиуми

Шансите се значително влошени од минатата година, кога беше прогнозирано дека американскиот јавен долг во 2049 година се очекуваше да достигне 144 проценти од БДП.

До крајот на оваа година јавниот долг ќе достигне 98 проценти од БДП, додека во 2019 година тој беше 79 проценти, а во 2007 година, непосредно пред избувнувањето на големата финансиска криза, тој беше само 35 проценти од БДП.

Долгот го влошуваат повисоките буџетски дефицити, поврзани со бавното закрепнување од пандемиската криза, повисоките трошоци за камати за нивно финансирање и очекуваниот раст на трошоците за здравствени и социјални програми што ги носи стареењето на населението. сд/

Вашингтон, 23 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Министерството за економија го подготви првиот Предлог-закон за ЈПП во земјава (ДПЛ)

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка го подготви првиот Предлог-закон за …