Американските авиокомпании не ја почитуваат мерката за физичка дистанца


Американските здравствени експерти упатија критики до „Америкен ерлајнс” и другите авиопревозници поради користењето на полните капацитети на авионите, истакнувајќи дека со тоа се испраќа погрешна порака додека земјата се бори со порасатот на новозаболени лица од Ковид-19.

„Американ ерлајнс” соопшти дека „има повеќе слоеви на заштита, вклучително и неопходните маски за лице, подобрена процедура за чистење на авионите, и има и листа на симптоми на Ковид-19 пред летот”.

Експертите бараат на комерцијалните летови да се почитува мерката за физичка дистанца односно да не се продаваат сите седишта во авионот.

 

Вашингтон, 1 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Компанијата „Новавакс” доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против коронавирус од владината програма „Ворп спид”

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс” (Novavax) од Владата на САД доби 1,6 милијарда долари за разработка …