Американските компании веќе не смеат да купуваат телекомуникациска опрема и опрема за надзор од „Хуавеи“


Трговските ограничувања на САД за Huawei продолжуваат веќе со месеци. Сега се чини дека односите меѓу кинеската компанија и администрацијата на Доналд Трамп продолжуваат да бидат комплицирани.

Претходната недела Белата куќа објави дека е воведена нова забрана за трговија со сите федерални институции и бизниси со „Хуавеи“.

Пресудата стапи во сила вчера на 13 август и се наведува дека на американските компании и агенции не им е дозволено да купуваат телекомуникациска опрема и опрема за надзор од „Хуавеи“, „ЗТЕ“ и уште три кинески компании, пренесува ЦНЕТ.

Хуавеи веднаш ја коментираше новата уредба и велат дека ќе продолжат да се борат за своите права против американските мерки.

Покрај тоа, Хуавеј рече дека новата забрана нема да им помогне на Соединетите држави во нејзините напори да ја зачуваат националната безбедност на земјата.

Според Huawei, новите ограничувања ќе ги погодат претежно луѓето кои живеат во оддалечени области во САД, каде мрежите се потпираат многу на хардверот и инфраструктурата на Huawei.


Видете следно

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. …