АНАЛИЗА: Нова епизода на политичка криза – каде чекори економијата ?


Нова политичка криза ќе ја потoне економијата која се обидува да закрепнe по минатогодишниот изборен циклус и длабоката политичка неизвесност – коментираат економисти за “Порталб” откако не беше постигнат цензус на референдумот и се најавија нови можни предвремени парламентарни избори, . Охрабрувачки, Светска банка прогнозира економски раст од 2,5% годинава, но предупредува  дека ваквите очекувања можат да бидат загрозени од  нарушениот реформски процес, под влијани на нов изборен циклус.

Прогнозите за раст засенети од нова политичка неизвесност….

Зачувување на политичката стабилност а со тоа и на економската ќе биде клучен предизвик во периодот што следува, со оглед на тоа што аналитичарите прогнозираат  нова епизода на политичка криза, коменитираат економистите во предворје на нов изборен циклус, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

“Продолжената политичка криза, а посебно последните случувања после референдумот (кој ја вклучува интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ како дополнителна варијабла) и најавата на нов изборен циклус ја става македонската економија помеѓу чеканот и наковалната – одложената инвестициона активност и скромното закрепнување на бизнис секторот кој ја очекуваше разврската од политичките збиднувања и европската иднина е  повторно ставен во неизвесност и исчекување. Во овој случај ситуацијата е уште покомплицирана имајќи предвид дека во овие услови воздржаноста на сите економски агенти ќе се зголемува, додека од друга страна ефикасноста на институциите како и економските мерки/политики кои беа превземани и се превземаат од страна на креаторите на политиките ќе ја намалуваат својата ефикасност” – вели универзитетскиот професор Борче Треновски.

Сличен став има и бизнис заедницата.

“Земајќи го предвид фактот дека во пресрет на изборите секогаш се креира амбиент којшто влијаел врз бизнис климата и воопшто на економијата, ние како претставници на бизнис заедницата се надеваме дека нема да се креира амбиент на политички турбуленции или политичка криза. Евентуалната појава на криза би била катастрофална за веќе кревката економија на Македонија. Ние знаеме од минатите искуства  дека во случај кога постои политичка криза, таа неизбежно с ерефлектира на економијата во негативен контекст” – вели Милаим Амети од Стопанската комора на северозападна Македонија. 


Видете следно

Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, …