АНАЛИЗА: Во јавниот сектор 19,3% се Албанци – ќе има ли нови вработувања по “рамковен”?


Според  образованието, 68% од 1 688 те луѓе вработени по “Рамковен договор” се со висока стручна подготовка а 32% се со средно образование. Според податоците на “Порталб“, на листата вработени кои со години седеле дома а земале плата од Буџетот има дипломирани правници и економисти, професори, детективи, психолози, еколози, режисери, социјални работници, пишува неделната економска анализа на Порталб . Операцијата за “активирање” на овие веќе вработени во јавниот сектор започна. Дел од институциите по моделот на “трансфер” ги прифаќаат “ново” вработените.

Ќе се внимава на правична застапеност при новите јавни огласи за вработување…

Дел од институциите веќе ги преземаат административците кои беа вработени по Рамковен договор. Од Владата објаснуваат дека во првата фаза се опафени 958 луѓе а 90% од нив веќе ја прифатиле ново понудената работа задача. Нема да има корекција на платите што досега ги земале – вели за “Порталб” владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

“Коефициентот на плата е веќе определен со ситематизацијата во институциите. Ова значи дека платите остануваат исти како и досега, бидејќи вработените се трансферираат согласно постоечкото звање, односно во согласност со хоризонталната систематизација.  Доколку институцијата има потреба од ново работно место, односно сака преземениот административенц да го вработи на друго место за повисока плата, ќе мора да биде објавен Јавен оглас, да се бара согласност од Министерството за финансии,  воопшто ќе мора  да се постапи како и за секое друго ново вработување” – вели Хоџа.

Според планираната динамика, во првата фаза на работа се враќаат 958 луѓе а во втората фаза 730 или вкупно 1688 лица треба да бидат прераспределни во јавната администрација  и во целиот јавниот сектор. Досега околу 10% од првата група сеуште не ја прифателие понудата за прераспределба, но се очекува дека на крајот од целата операција ќе се реши статусот на сите вработени, односно сите да ги потпишат понудените договори.

Видете следно

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни …