АНАЛИЗА: Во јавниот сектор 19,3% се Албанци – ќе има ли нови вработувања по “рамковен”?


“Генерално, бараме кадри за реорганизација внатре во администрацијата, кои ги исполнуваат условите за заземање на некоја од раководните позиции, за веднаш тоа да биде направено. Некаде нема да биде прифатливо тоа што им се нуди и тогаш се применуваат законските одредби со кои овие луѓе се ставаат на трансфер-листа. Тоа не значи дека се отпуштаат од работа, туку се ставаат на располагање за други институции. Ќе се добиваат понуди како што добиваат понуди и останатите на трансфер листата во јавната администрација” – изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според податоците за степенот на образование, 1 147 од вработените по рамковен договор се со висока стрчна спрема а 541 се со средно обраование. Најголем број од нив или 281 се дипломирани правници, 160 се техничари со средно образование, 157 се професори по јазик, 125 се дипломирани економисти,  90 се дипломирани по бизнис администрација. На листата се и други професии: 7 менаџери по царина и шпедиција, 12 теолози, 16 криминолози, 15 професори по физичка култура, 4 режисери, но има и еколози, дизајнери и еден дефектолог.

Со завршување на оваа операција на реактивирање на вработените по рамковен договор, не завршуваат и вработувањата по “етнички” клуч. Од Владата велат дека натамошните вработувања мора да бидат во согласност со законската регулатива преку почитување на правото на правична застапеност.

“Во моментов има институции во кои се уште не се постигнати предвидените проценти на правична застапеност, но има институции каде тие проценти се надминати. Важно е да се знае дека при објавување на огласи за вработување ќе мора да се постапува во согласност со законската регулатива и со примена на “балансерот” кој покажува во кои институции каков е распоредот на силите според етничка припадност” – велат од Влада.

Додека се подготвува втората фаза на решавање на статустот на  останатите 730 вработени по рамковен, засега според бројот на преземени вработени по рамковен договор предничат финансиските институции. судовите, царината и полицијата. Така, Министерството за внатрешни работи презема 50 вработени, Царинската управа 30 а Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги презема 26. Во Министерството за надворешни работи одат 19, во Министерството за образование 52 вработени, дел од нив во Бирото за развој на образованието а дел во Државниот просветен инспекторат. Јавното обвинителство презема 26 луѓе вработени по рамковен договор а транфери ќе има и во основните судови во Скопје, Гостивар, Тетово, Дебар и Куманово. Вработени ќе преземат и Фондовите за здравствено и за пензиско осигурување како и поголем број на државни агенции: Агенција за администрација, Агенција за вработување, АЕК, Агенција за катастар, Агенција за енергетика и други. Управата за јавни приходи ќе преземе 39 вработени по рамковен, а транфери има и во здравството, културата и социјалата


Видете следно

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2019 ГОДИНА

Градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и со градоначалниците од …