АНАЛИЗА: Во јавниот сектор 19,3% се Албанци – ќе има ли нови вработувања по “рамковен”?


Според најновите податоци од документот “Годишен извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор”, на крајот од ланската година, во институциите на јавниот сектор имало  нешто повеќе од 109 000 вработени.

“Од 109,304 вработени, 82,374, односно 75.36% се Македонци, 21,112, односно 19.31% се Албанци, 2,012, односно 1.84% се Турци, 994, односно 0.91% се Срби, 1,245, односно 1.14% се Роми, 429, односно 0.39% се Бошњаци, 408, односно 0.37% се Власи, а 730, односно 0.67% се други или не се изјасниле.  За споредба во Извештајот од Регистарот на вработени за 2016 година состојбата била следна: 82,900, односно 75.15% биле Македонци, 21,279, односно 19.29% биле Албанци, 1,781, односно 1.61% биле Турци, 1,272, односно 1.15% биле Срби, 1,216, односно 1.10% биле Роми, 479, односно 0.43% биле Бошњаци, 478, односно 0.43% биле Власи, а 907, односно 0.82% биле други или не се изјасниле” – се наведува во новообјавениот извештај на МИОА.

Иако платите на 1 688 те вработени по рамковен договор се дел од вкупната сума на плати што е планирана во Буџетот, а во отсуство на официјални податоци, се смета дека годишно за овие вработени кои седеле дома а земале плата, се трошеле и до 10 милиони евра. Првите решенија по “рамковен” беа доделени во 2009 та година.

 


Видете следно

Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …

Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. …