АНДЕРФЕСТ: Бараме средства само за техничка опрема, срамота е министерството да го одбие нашето барање


Деновиве медиумите се преплавени со реакции од македонски уметници, во врска одлуките на Министерството за Култура за распределба на финансиски средства. Претседателот на комисијата од музичко-сценската дејност по одлуката, изјави:

„Најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на најелементарните барања на конкурсот. Јас лично со моите колеги од комисијата ги баравме и им укажувавме дека ги немаат основните документи за прописно аплицирање, некои од нив образложуваа дека секогаш така било (без документи), додека други се изјаснуваа дека проблемот ќе го решат на повисоко ниво, мислејќи дека министерот и Кабинетот ке им излезат во пресрет“, стои во изјавата на Гаши пишува СДК.

„Мислам дека бев јасен и дециден во мојата реакција, сите ние треба еднаш и засекогаш да престанеме со манипулации, несовесно трошење и злоупотребување народни средства. Во целост го прифаќам предлогот на министерот во понеделник да ги отвориме уште еднаш одбиените предмети. Настојувам на тотална транспарентност до крај“, вели Гаши.

Да потсетиме дека деновиве и од најнадежниот македонски фестивал АНДЕРФЕСТ изразија разочарување за скандалозните одлуки на претседателот на комисијата од музичко-сценската дејност, Плеурат Гаши.

Во врска со оваа изјава од АНДЕРФЕСТ изјавија :„Ниту некој не контакирал, ниту некој побарал нешто дополнително, а целата документација ја приложивме комплетно, онака како што бараше министерството во барањето. Не добивме ни објаснување зошто сме одбиени, а имаме готов проект кој треба да се реализира за помалку од два месеци. На фестивалот ќе настапат исклучиво бендови од Македонија и тоа со различна националност,а не памететиме толку голема бројка од бендови да прифати да настапува на еден фестивал. Се согласивме и да не се наплаќа карта за влез, за да можат сите што сакаат да дојдат и слушнат што има ново на музичката сцена во Македонија. Единствено што бараме од ресорното министерство да ни доделат средства за да можеме да ги покриеме барем трошоците за backline опрема, озвучување и слично, што не е не е некој голем износ, во споредба прифатените проекти со многу поголеми одобрени износи. Немаме потреба и несакаме дополнителни парични заработки, кај нас љубовта кон Undergrоund музиката е повредна од се. Сметаме дека ќе биде голем срам и погазување на културата во Македонија доколку министерството не го одобри овој проект“, изјавија за Бизнис Вести од здружението АНДЕРФЕСТ.

 


Видете следно

ИНФРАСТРУКТУРНО ПОДГОТВЕНИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИТ ИНВЕСТИТОРИ

Градежни парцели со намена Б4 – деловни простори во локалитетот АРМ, за првпат комплетно инфраструктурно …