Ангелов: Одговорност ќе има, наша обврска е добробитa на граѓаните, a за брзо време ќе почне со работа новиот централизиран систем за управување со кризи со којшто се надминуваат ваквите пропусти во Системот


На денешната прес-конференција пред ЦУК, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, изјави:„Вчера и денес работи комисијата на ЦУК, работи на расветлување на случајот од Општина Кратово којшто ја потресе целата јавност и укажа на слабост на ЦУК…ги бараме пропустите, бараме одговорност но крајната цел истите да ги отстраниме за не се повторуваат во иднина. Доколку се утврди вина кај некој од учесниците ќе биде покренета дисциплинска постапка.”

Притоа, Ангелов, прецизираше:„Од Комисијата е констатирано дека од оперативецот во Кратово не е побарано хеликоптер и не е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа е кршење на СОП (процедурите за работа) и за истото ќе биде дадена дисциплинска постапка.”

Во правец на лоцирање одговорноста и за подобрување на работата при вакви случаи, Стојанче Ангелов, информираше за дел од почнати постапки: „Заради целосно расветлување на овој настан одговорноста, што неспорно постои, ќе ја барам и на други места. Денеска поднесовме и формални барања до Министерството за здравство (МЗ), до Министерството за внатрешни работи (МВР) и до Министерството за локална самоуправа (МЛК), за одговор на неколку прашања. Прашањата на коишто треба да одговори МЗ се во врска со тоа што предвидуваат протоколите на МЗ во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од Брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено… Потоа, од МЛК побаравме одговор на прашањето зошто од страна на која било институција од локалната власт не било испратено теренско возило, потоа, зошто не биле испратени дополнителни сили за помош, зошто градоначалникот не побарал ангажман на републичките сили. Исто, така, побаравме детален извештај за разговорот помеѓу членовите на екипата на Брза помош и било кој вработен во локалната самоуправа. Побаравме одговор од МВР, во насока, зошто од страна на полициските службеници не било обезбедено теренско возило, зошто од страна на полициските службеници не бил побаран хеликоптер за транспорт, зошто од страна на Полициската станица ПС Кратово не били испратени полициски службеници…”

При крај на изјавата за присутните медиуми, Стојанче Ангелов посочи што претстои и како стратешка цел за државата, а за што ЦУК директно работи: „Ние како ЦУК веќе неколку месеци интезивно работиме на воспоставување и имплементација на повикувачкиот европски број 112. Се работи за број на којшто било кој граѓанин ќе добие било каква помош. На овој број ќе може да се пријавуваат физички напади, сообраќајни несреќи пожари и слично, а на едно место и брзо да се поврзат граѓаните со институцијата којашто ќе им помогне и е надлежна за тоа, а координирано и во содејство со другите институции, служби…

На крај, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, во поглед на повици за оставка во некои од медиумите, заради овој случај во Општина Кратово, изјави:„Оставката според мене е дезертирање во оваа фаза и јас слободно можам да кажам дека мене ќе ми требаат уште неколку месеци за да реализрирам дел од тоа што е неопходно да се подобри и состојбата внатре во ЦУК, а за целиот систем ќе треба повеќе од една година. Се работи за напластени проблеми, при што, кога дојдов затекнав во ЦУК, би рекол, една организирана дезорганизација. Јас сум прва личност која е на местото директор на ЦУК, а која е активно дел од безбедноста на државата, повеќе од 30 години. Порано дури и Законот за управување тоа го барал за местото директор во ЦУК, да се има најмалку пет (5) години работно искуство во сфрерата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент, а тоа што не се респектирало, дури и било избришано пред околу 8 до години… Инаку, ако од страна на Владата биде побарана одговорност, секако дека истата ќе ја прифатам. На оваа позиција, како што знаете, сум поставен како ВД без истото да го побарам, бидејќи е проценето така со задача да се спроведат реформи во ЦУК, односно Системот за управување со кризи и сум прифатил… На крај ги повикам сите медиуми, сите новинари, но и влијателни „ФБ” и „твитер” ликови, а секако и тие меѓу нив кои жестоко го напаѓаат овој период ЦУК, Системот, а и мене, во еден директен разговор да им одговорам на сите нивни прашања.”

Истовремено, јавно изразуваме сочувство до семејството на починатиот Златко Божинов од с. Емирица, Кратовско.


Видете следно

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, …