Ангеловска: Поддршка од 500 милиони евра за граѓаните и стопанството со трите пакети антикризни мерки


Скопје, 29 јули 2020 (МИА) – Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги преземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од Ковид-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Таа наведува дека досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните и 100 милиони евра кон фирмите.

– За граѓаните:  домашна платежна картичка за над 330.000 граѓани  28.3 милиони евра, ваучери за домашен туризам за над 117.000 граѓани – 12 милиони евра,, за самостојните уметници – 65.000 евра, за спортистите  400.000 евра и за паричен надоместок за невработеност – 50отсто од последната просечна нето-плата 810.000 евра, стои во објавата на министерката.

За компаниите, додава Ангеловска, преку меррката  14.500 денари финансиска поддршка за над 130.000 вработени во над 19.500 фирми – 83,3 милиони евра, бескаматни кредити преку Развојната Банка – поддршка за 1.331 претпријатие и над 16.600 вработени досега 12,7 милиони евра, субенционирање на 50 отсто од придонесите до просечна плата за погодените компании, за над 2500 компании – 1,4 милиони евра и ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход за над 1500 даночни обврници околу 2 милиони евра

Наведува дека во тек на реализација се и други мерки за поддршка за компаниите како што е јавниот повик кој е отворен до 31 јули за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите за време на и во пост-ковид периодот за што се буџетирани 20 милиони евра http://economy.gov.mk/doc/2823 , како и јавниот повик за субвенции за ко-финансирање на настани http://economy.gov.mk/doc/2824

– Со овие средства директно се помагаат граѓаните, се заштитуваат работните места и се помага ликвидноста на стопанството, а со тоа се поттикнува и поддржува економската активност. Досегашните мерки придонесуваат за побрзо и полесно надминување на кризата, а ќе помогнат и во фазата на заживување на економијата, истакнува Ангеловска.


Видете следно

Ангеловска: Барајте и скенирајте фискални сметки, добивате поврат на ДДВ и се борите против сивата економија

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги …