Англија внесува дополнителни 2,1 милијарди евра во ЕУ


ЕУ бара од Велика Британија да плати дополнителни 2,1 милијарди евра како придонес пресметан според бруто националните приходи. Барањето се оправдува со фактот дека англиската економија се справува подобро од очекуваното во последните неколку години.

Дополнителната рата е резултат на нови пресметки на ЕУ, кои детерминираат која земја колку средства треба да даде на Унијата според бруто националните приходи. Дополнителниот надомест е во висина од околу една петтина од годишната рата на Велика Британија, која изнесува 8,6 милијарди фунти.

ЕК побарала дополнителни плаќања, откако европската статистичка служба Евростат ја пресметала економската позиција на земјите-членки од 1995 година. Потоа, на основа економскиот раст, се корегирани и годишните придонеси на секоја држава во последните 4 години.

Според новите пресметки Велика Британија и Холандија треба да платат екстра, а Франција и Германија ќе добијат бенефиции.

 



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …