Анита Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен


„Денарот е стабилен! Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акумулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме. Впрочем, ако ги гледаме движењата минатата година, ние имавме значајна акумулација на девизни резерви, а клучен фактор којшто придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите, коишто помогнаа за остварување на акомулацијата.” – истакна меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка”, во текот на Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

Коментирајќи ги состојбите во светската економија и неизвесностите коишто постојат во неа, таа посочи дека е важно што ММФ предвидува забавување на глобалната економска активност, но дека не се работи за рецесија.

Во рамки на Средбите во Вашингтон, делегацијата предводена од гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, веќе оствари повеќе работни состаноци со високи претставници на меѓународните финансиски институции и организации.



Видете следно

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека …