epaselect epa09736577 US President Joe Biden (R) and Chancellor of Germany Olaf Scholz (L) hold a joint news conference in the East Room of the White House in Washington, DC, USA, 07 February 2022. Biden hosts Scholz on his first trip to the White House as Chancellor of Germany, to discuss the buildup of Russian forces on the border of Ukraine and other bilateral concerns. EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Анкета: Во САД се намалува рејтингот на Бајден


Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден четири недели по ред бележи пад и сега изнесува 36 отсто, што е најниско ниво од крајот на мај годинава, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Анкетата покажува дека 73 отсто од демократите го поддржуваат Бајден, што е за еден отсто помалку од минатата недела. Во август минатата година Бајден беше поддржан од 85 проценти од демократите.


Кај републиканците рејтингот на Бајден се намали од 11 на седум отсто.

Според истражувањето, само 18 отсто од Американците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока.


Триесет и четири проценти од Американците истакнале дека економијата е најважното прашање за граѓаните на САД, а Бајден се соочува со највисока инфлација во изминатите 40 години.

Рејтингот на Бајден се приближува до најниското ниво на неговиот претходник Доналд Трамп, кој во декември 2017 година имаше поддршка од 33 отсто од испитаниците.


Од август 2021 година рејтингот на Бајден не е повисок од 50 отсто, што е предупредување дека неговата Демократска партија би можела да ја загуби контролата врз најмалку еден Дом на американскиот Конгрес на средината на претседателските избори што ќе се одржат на 8 ноември годинава.

Анкетата на Ројтерс и Ипсос, беше спроведено онлајн при што беа испитани 1.002 возрасни Американци, меѓу кои 435 демократи и 379 републиканци


Видете следно

Цената на нафтата надмина 116 долари за барел

Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното …