Анкетата на ТЕЛМА открива: Кој ќе победи на следните претседателските избори ?!


Најновата анкета на Телма предвидува сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и солидна предност уште во првиот круг.

Според аналитичарите ако ваквиот тренд продолжи а Силјановска не смени нешто во кампањата, до 21 април разликата може да се зголеми уште за минимум 2 до 3 проценти во негова корист.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека третиот претседателски кандидат- Блерим Река со стабилна поддршка од 11 отсто – покажува новата анкета по нарачка на Телма, изработена од Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС, спроведена телефонски во период од 07.04 до 11.04.2019 на репрезентативен промерок од 967 испитаници. За Стево Пендаровски се 27,2 процентни од испитаниците, за Гордана Силјановска 23,5 , а за Блерим Река 11 отсто од испитаниците.

За повеќе на ТЕЛМА


Видете следно

Пендаровски – Туск: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат европска иднина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, …