Аплицирањето за субвенции за градинарски и овошни култури ќе трае до 25 декември


Земјоделците кои оваа година произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од вчера до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за добивање субвенции.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, вели дека до 25 декември земјоделците кои произвеле зелка и од 5-ти април до 5 мај ја предале на преработувачки капацитет, ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од три денари по килограм.

-Аплицирањето се врши електронски со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во полето „Директни плаќања-е барање” се поднесува електронското барање и за подмерките 1.6, 1.8 и 1.19. Крајниот рок за поднесување на барањата за овие мерки е 25 декември 2020 година. Сите кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, може да се обратат во подрачните единици МЗШВ. Но, сите кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици треба да ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19, истакнува Бабовски. мч/са/

Скопје, 11 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

Деспотовски во посета на ТИР зоните во Скопје, најавени повисоки плати и нови инвестиции

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот …