Apple ги даде Samsung на суд уште еднаш


Американскиот техногигант Apple даде тужба против својот главен конкурент – Јужнокорејската компанија Samsung. Ова го пренесе The Guardian.

Според податоците на изданието, Apple сака да добие по 40 долари за секој уред на Samsung. Од Apple тврдат дека Samsung прекршила пет патенти и ги користи нивните технологии во новите уреди.

Износот на тужбата е 2 милијарди долари, што е пет пати повеќе од претходната тужба на компанијата.

Судската војна помеѓу Apple и Samsung продолжува со години веќе. Уште во 2012 година, на пример Apple побара по судски пат да биде наметната забрана на продажба на осум модели телефони со Samsung бренд поради копирање на нејзини патентирани технологии.


Видете следно

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за …