Apple ги надмина ZTE во продажба во Кина


Американскиот технолошки гигант Apple го зазеде петтото место на кинескиот Smartphone пазар за третиот квартал на годината.

Податоците на аналитичарите од Canalys покажуваат дека испораките на iPhone се зголемени за 32% на годишна основа. Тоа за трите месеци до септември значи дека Apple генерирале вкупно 6 % од продажбата во земјата, соопшти за ” Блумберг ” Никол Пенг, директор на аналитичкиот оддел на Canalys. Со овој резултат американската корпорација се предвижила со едно место напред во споредба со претходниот квартал на годината.

На прво место на кинескиот пазар на паметни телефони останува Samsung . Корејската компанија успева да го прошири пазарниот удел од 14 на 21%, откако испораките на нејзините производи се зголемуваат над двојно во последниве месеци.

На второ место е Lenovo со пазарен удел од 13% , а на третата позиција е Coolpad – Брендот на China Wireless Technologies со удел од 11%.

Првите петорка се дополнува со Huawei Technologies ( 9% ) .



Видете следно

Победнички пат: Новата Opel Corsa е „компаниски автомобил на годината“

Техничар, курир или извршен директор – сите видови на професии возат автомобили што им се …