Apple го регистрира iWatch


Apple има поднесено барање за регистрација на трговската марка iWatch во Јапонија и американскиот технолошки гигант развива мултифункционален рачен часовник, пренесоа американските медиуми и Франс прес.

Пријавата за регистрација на марка е поднесена на 3 јуни и е објавена јавно на 27 јуни. Не се знае сеуште кога точно барањето ќе биде одобрено.

Постојат гласини дека Apple развива мултифункционален рачен часовник, кој ќе работи со верзијата на оперативниот систем кој се користи од смартфонот на компанијата iPhone и од таблетот iPad.

Компанијата не ги потврдила гласините, но извршниот директор на Apple, Тим Кук навести дека компанијата можеби развива компјутерски уред кој се носи како рачен часовник.

Пријавата за трговска марка во Јапонија не е доказ за намерите на Apple. Компанијата, чие седиште се наоѓа во Cupertino, Калифорнија, има патенти за уреди кои никогаш не ги има изработено, пренесе economy news.


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …