Технолошкиот гигант Apple планира специјален настан на 21 октомври, на кој се очекува компанијата да претстави два нови модели iPad од шестата генерација, како и трета верзија на iPad Мini и неговиот оперативен систем ОС Х Yosemite, соопшти Reuters.
Неофицијално новите таблети ќе бидат со процесор A8 (сличен на iPhone 6 и iPhone 6 Plus) и сензор за отпечатоци Touch ID. Порано Bloomberg објави дека новиот iPad ќе има 9,7-инчен екран, а новата верзија на iPad Mini – 7.9 – инчен екран, повикувајќи се на блиски извори до компанијата.
Се очекува Apple да го претстави новиот оперативен систем ОС Х Yosemite со подобрен интерфејс, нови вградени апликации и можности за интеракција со Мас. Компанијата ќе покаже и нов лаптоп MacBook Air со надграден дизајн и 12-инчен екран Retina. На настанот на Apple има веројатност да дебитира и обновениот телевизиски приклучок Apple TV.
Во првиот квартал на годината компанијата има продадено 1 330 000 милиони IPad-a. Тоа е под прогнозите од аналитичарите. Тие очекуваа продажби за повеќе од 14 милиони примероци.
Минатата недела компанијата од Купертино претстави два модела iPhone 6, услуга за мобилни плаќања Apple Pay и часовникот Apple Watch.