Apple ќе лансира очила со проширена реалност и автомобил?


Се очекува Apple да лансира очила со проширена реалност (AR) до 2020 и сопствен автомобил “Apple car”, 3 до 5 години подоцна.

Според предвидувањата на аналитичарот Ming-Chi Kuo – Епл би можел да достигне пазарна вредност од 2 трилиони долари, откако на почетокот на овој месец веќе достигна 1 трилион долари пазарна капитализација.

Во истиот извештај, аналитичарот Куо заклучува дека токму услугите како Епл автомобил и очилата со проширена реалност би можеле да го генерираат тој пазарен раст.

Проширената релност претставува иднина на корисничкото искуство. Се очекува Епл да го редифинира корисничкото искуство преку понуда на очила со проширена реалност и соодветни апликации – вели Куо.

Имено Епл не е единствената компанија што работи на очила со проширена реалност. Гугл лансираше ваков продукт уште во 2013 кој иако не доживеа масивност, компанијата сеуште инвестира сериозно во овој проект.

Од друга страна, Епл го има проектот Титан, кој претставува автомобилска дивизија на компанијата, и веќе врши тестирања на автономни возила во Калифорнија.

 

 

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …