Applе пак е најскапиот бренд во светот


Американскиот технолошки гигант Apple повторно е на чело на листата за најскапи брендови во светот, јавуваат светските медиуми.

Рејтингот се изработил од пазарните аналитичари од Brand Finance кои го оценија брендот Apple на 87,3 милијарди долари. На овој начин создадената компанија од Стив Џобс ја зазеде првата позиција на годишната листа на 500 – те најскапи брендови во светот.

Apple е проследена од јужнокорејската Samsung, а се проценува на 58,7 милијарди долари. Google е проценет на 52,1 милијарди долари, а Microsoft – на 45,5 милијарди долари.

На овој начин за прв пат исклучително IT – играчите станаа најскапоцени брендови во САД и ширум светот. Само пред една година, сепак на првите места имаше и трговци, како американскиот синџир за трговија Walmart.

 


Видете следно

Тик ток повеќе не е достапен во Хонг Конг поради новиот кинески Закон за национална безбедност

Глобално популарната мобилна апликација за објавување на кратки видео снимки Тик ток повеќе не е …