Американскиот технолошки гигант Apple ќе го објави на крајот на тековната година на пазарот сопствениот телевизор – iTV, соопшти аналитичар, пренесува Ар.
Уредот ќе чини помеѓу $ 1500 и $ 2500 и ќе биде со 60-инчен екран, но ќе има и верзии со екран 50 инчи и 55 инчи, изјави аналитичарот Брајан Вајт од Topeka Capital Markets.
Apple ќе го претстави и малиот iRing, кој ќе лежи на прстот на гледачот, овозможувајќи му да го контролира екранот со гестови, тврди Вајт.
Информациите се базираат на податоци од кинески и тајвански компании, кои испорачуваат компоненти за Apple, додава аналитичарот.