Apple со рекордни 4 милиони нарачки на ден за новиот iPhone 6


Технолошкиот гигант Apple имал рекордни четири милиони прелиминарни нарачки само во првиот ден од пуштањето на двата нови модели на новата генерација на iPhone – iPhone 6 и iPhone 6 Plus, пренесе Reuters.

Поради големиот интерес за уредите најверојатно голем дел од фановите на Apple ќе почекаат до октомври за новите телефони.

Компанијата ќе започне да исполнува дел од нарачките од петокот, но поголемиот дел ќе бидат доставени следниот месец, бидејќи побарувачката е поголема од понудата. Тоа доведе и до пораст на акциите на компанијата во понеделникот наутро со помалку од процент до 101.94 долари.

Прелиминарните нарачки за новите ајфони се двапати повеќе од нарачаните телефони во 2012 година за моделот iPhone 5. Според експертите интересот главно се должи на поголемите екрани на двата нови модела.

При поставувањето на iPhone 5S и 5C пред една година, за првите денови беа продадени над 9 милиони.


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …