Apple стана втор најголем производител на телефони


За прв пат во историјата, според извештајот за пазарниот удел на мобилни уреди (comScore’s MobiLens U.S. mobile market share report), Apple стана вториот најголем глобален производител на телефони. Компанијата го зголеми пазарниот удел во последното тромесечие за 1,5 процентни поени, достигнувајќи пазарен удел од  17,8%. Иако со пораст од само 0,7 процентни поени – Samsung сепак останува лидер на пазарот со удел од 26,3% во Октомври.Screen Shot 2012-12-01 at 8.34.07 AM

Во извештајот притоа се вели:

Apple за првпат го превзема второто место од LG, како резултат на порастот остварен од продажбата на iPhone5. Притоа LG оствари пад од 0,8 процентни поени во Октомври споредбено со Јули 2012.

Дел од причините поради кои Apple се качи на второто место на скалата на пазарни удели е и фактот што речиси 52% од претплатниците во САД се веќе корисници на паметни телефони, што претставува 6% зголемување од претходниот квартал, се вели во извештајот.

Се очекува и следниот извештај да даде интересни резултати бидејќи ќе го покрива периодот од Ноември 2012 до Јануари 2013 – период на празници, каде ќе се види ефектот од продажбата на уредите за време на празниците.

 


Видете следно

„Вашингтон пост” со поддршка за Бајден на претседателските избори

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост” денеска објави дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на …