Аргентина собра над две милијарди долари со новиот данок за милионери


Аргентинската Влада собра 74 отсто од сумата од спорниот нов данок за најбогатите граѓани во државата. Владата собра 223 милијарди пезоси (2,4 милијарди долари), се наведува во официјалното соопштение.

Првите податоци покажуваат дека 10.000 луѓе со средства над 200 милиони пезоси го платиле новиот данок, кој достигнува 5,25 отсто.


Иницијативите за даноци за богатите добија поддршка низ Јужна Америка, бидејќи регионот се бори да се опорави од најтешката рецесија во последните два века.

Со средствата ќе се плаќаат медицински материјали и ќе се обезбедат стимулации за компаниите во кризата од Ковид-19.

Во Аргентина, милионерите се спротивставија на плаќањето на таксата до крајниот рок на Владата до 16 април. На почетокот на април, само два отсто од даночните обврзници кои подлежат на данокот – го платиле, според прелиминарниот извештај.

Консултантската фирма Алберди Партнерс, со седиште во Буенос Аирес соопшти дека собраната сума е поголема од очекуваната, еквивалентна на 0,5 отсто од бруто домашниот производ и ќе ги подобри податоците за наплатата на даноците во април.

Владата очекува да ги искористи средствата за расходи за пандемијата, вклучувајќи здравствени политики, субвенции за мали бизниси, стипендии и проекти за домување. Владата соопшти дека во април собрала 817,9 милијарди пезоси данок, што е за 105,2 проценти повеќе од претходната година. ми/

Буенос Аирес, 4 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Во Њујорк задолжителна вакцинација за студентите

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат …