Argos пушта компактен таблет со пониска цена


Британскиот трговец Argos пласира на пазарот евтини таблети. Уредот, наречен MyTablet е со компактен 7 -инчен екран со резолуција од 1024х600 пиксели. Уредот ветува до 5 часа време за гледање на видео пренесе TechNews.

Таблетот има dual-core процесор со 1,6 GHz и има 8 GB внатрешна флеш меморија, која може да се прошири преку слот за microSD картички. Достапни се 1 GB RAM меморија, слот HDMI и две камери – предна со резолуција од 2 мегапиксели и задна со 0,3 мегапиксели.

MyTablet се нуди по цена од 118 евра во две бои – сребрена и розова. Уредот работи под оперативниот систем Android и подржува комуникации Wi -Fi и Bluetooth.


Видете следно

За една недела со специјалните возила пајак се подигнати 224 возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (17.01 – 23.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …