Арсовска во Вашингтон: За економски раст потребна е гаранција на безбедноста на инвестициите


Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска е во службена посета на Вашингтон. Целта на посетата е отпочнување на разговори за унапредување на правилата на работа кои ќе гарантираат безбедност на домашните и странски инвестиции, а кои треба да се усвојат најдоцна до 2020 година.

Административните правила по кои ќе работат националните институции играат важна улога во економскиот развој, а крајна цел на овие разговори е поттикнување на домашните и странските инвестиции во земјите во развој. Доколку не се овозможи хармонизација со глобалните правила и практики, ќе заостануваме на полето на економијата, бидејќи брзите промени на закони и неконсултирањето на релевантните засегнати страни т.е деловната заедница, секогаш ќе резултираат со несигурност во инвестициите и зголемена можност за спорови при имплементација. Затоа и Република Македонија потребно е да се посвети кон креирање на квалитетни и одржливи законски решенија кои ќе ги отстранат сомнежите кај инвеститорите дека РМ е несигурна и нестабилна за инвестирање на домашен или странски капитал“, изјави Арсовска и додаде дека  доколку легислативата биде хармонизирана со најдобрите светски практики минимална ќе биде можноста за трговски спорови со што се подобрува позицијата на Република Македонија за привлекување странски инвеститори, но и за зголемување на бројот на домашните инвестиции.

Арсовска учествуваше и на трансатлантската безбедносна иницијатива на трибина на Атлантскиот Совет на тема “Од Пентагон: Улога на жените во националната безбедност” која се фокусира на многу од стратешките предизвици со кои се соочуваат САД и нејзините сојузници. Настанот го отворија жени лидери од областа како Кетлин Мекинис која како експерт работеше со фокус на НАТО во кабинет на Секретарот за одбрана на САД, како и Кристин Е. Вормут која беше Подсекретар за одбрана задолжен за политики во Министерството за одбрана на САД.

За време на посетата во Вашингтон, Арсовска предвидено е да оствари средби со инвеститори и претставници на стопанските комори од САД и Светската банка.



Видете следно

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, …