Асоцијацијата на спортски обложувалници исплати милион денари на дел од семејствата на  настраданите кај Лескарци


Веднаш по автобуската несреќа кај Лескарци која се случи на 13 февруари годинава, членките на Асоцијацијата на Спортски Обложувалници (АСОМ) обезбедија донација од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) досега исплати околу 1 милион денари на 41 семејство на настраданите во несреќата кај Лескарци, од вкупно 54. Во недостиг на податоци за останатите 14 семејства, исплатата на средствата се уште не е реализирана.

„Асоцијацијата на Спортски Обложувалници и нејзините членки едногласно донесоа одлука да се донираат парични средства на семејствата на настраданите во несреќата, по што стапивме во контакт со дел од нив, на кои средствата веќе им се исплатени. За жал, за дел не успеавме да обезбедиме податоци. Сосема разбирливо, во моменти на голема болка и тага кон загинатите и грижа за настраданите, некои од семејствата не стигнаа да ги достават своите податоци до асоцијацијата. Во оваа прилика ги повикувам преостанатите 14 семејства да ја контактираат асоцијацијата за да им ги исплатиме средствата кои им следуваат.“- апелира Васко Илијески, претседател на АСОМ.

Семејствата можат да ја контактираат АСОМ на: asom.mbsa@gmail.com на која треба да ги достават следните податоци: име и презиме, матичен број и број на трансакциска сметка.

 


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …