Atari поднесе барање за судска заштита од доверителите


Компанијата за производство на видео игри Atari SA објави дека поднела барање за судска заштита од кредиторите во Париз и Њујорк, откако со оглед на тешките услови на пазарот, не успеала да најде наследник за главен акционер и главен кредитор BlueBay, информира Reuters .

Atari планира да се оддели од својата француска компанија „мајка“, за да се обиде да ги прошири своите активности во дигиталните и мобилните игри, се вели во соопштението на Atari Inc.

Таа планира да најде инвеститор или да ги реструктуира своите средства во следните три-четири месеци и ќе се обиде да повика 5.25 милиони долари финансирање од Tenor Capital, соопштуваат уште од компанијата.

Atari SA презела чекори да се заштити од доверители, бидејќи доспевањето на кредитната линија од BlueBay е на 31 март и постои недостиг на средства, поради тешките услови на пазарот.

Од Atari SA јавуваат дека засега нема инвеститор кој ќе сака да го замени BlueBay како главен акционер и главен кредитор, бидејќи компанијата е дел на француската берза, има сложена структура на капитал и поради тешките економски услови.

Компанијата должи 21 милиони евра на BlueBay.

Дел од игрите на Atari се Pong, Asteroids, Centipede, Missile Command, Battlezone и Tempest.


Видете следно

СКСЗМ: Eкономските мерки од Владата за бизнисите и економијата генерално не се соодветни

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) како институција која ги заштитува интересите на компаниите членки, …