Атлантик Група: Почетокот на 2014 година во согласност со очекувањата


Загреб 30 април 2014. – Атлантик Група во првиот квартал на 2014 година оствари приходи од продажба во износ од 149,9 милиони евра, што во однос на првиот квартал од 2013 година претставува пораст од 4,1 проценти. Добивката пред камата и одданочување EBIT изнесува 11,4 милиони евра и бележи пораст од 13,4 проценти во однос на истиот период во 2013 година, додека нето добивката после надоместокот на малцинските акционери изнесува 4,3 милиони евра и претставува раст од 5,2 проценти во однос на истиот период минатата година.

“Атлантик Група ја започна годината со раст во работењето, задржувајќи ги претходно најавените очекувања, и покрај недостатокот на економско заздравување во текот на првиот квартал во регионот, но и пошироко. Притоа во овој период најмногу се истакнува зајакнувањето на дистрибутивното портфолио во регионот, растот на продажбата надвор од регионот, во согласност со интернационалниот фокус на компанијата и подобрување на профитните маржи на сите нивоа. И во наредниот период, ние ќе се фокусираме на развој на деловното работење, управувањето со ризиците, одржувањето на ликвидноста и управувањето со финансиските обврски “, изјави Емил Тедески, претседател на Управниот Одбор на Атлантик група.

Работењето на Атлантик бизнис Група во првиот квартал беше одбележано со почетокот на диструбицијата на портфолиото на Унилевер на хрватскиот и словенскиот пазар, со што Атлантик Група го потврди својот статус на водечки дистрибутер во регионот кој нуди диструбутивна улога на највисоко ниво, со висока реализација на дистрибутивните параметри. Унилевер е еден од најголемите светски производители на производи за широка потрошувачка во чие портфолио се наоѓаат глобално познатите брендови Knorr, Hellman’s, Axe, Rexona, Brut, Signal, Coccolino, Domestos, Cif, и многу други. Договорот, според вкупната годишна продажба на портфолиото,е во вредност од 32 милиони евра, од кои 51 процент се однесува на пазарот во Хрватска, а 49 отсто на пазарот во Словенија.

За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во првиот квартал од 2014, најмногу придонесоа стратешките бизнис области Спортска и активна исхрана (раст од 5,9 проценти) и Здравје и нега (7,1 процент) , како и новиот дистрибутивен договор со приницпалот Унилевер во рамките на Стратешката дистрибутивна област Хрватска и Дистрибутивната област Словенија.
Кафето со 18,8 проценти удел во вкупниот приход од продажба се истакнува како најголема поединечна категорија со 28,2 милиони евра приход од продажба.

Во однос на пазарите, најголем раст е остварен на пазарот во Словенија (23,0 проценти) со што овој пазар сочинува 15,1 процент од вкупната приход од продажба на Атлантик Група. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажба со 23,8 проценти и остварен раст од 9,7 проценти. Пазарите во Русија и другите земји од ЗНД бележат раст од 25,2 проценти и удел од 6,1 процент во вкупниот приход од продажба на Атлантик Група.Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 13,9 проценти од вкупниот приход од продажба, оствариле пораст од 1,2 проценти.

Брендовите во сопственост на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 66,8 проценти, дистрибуцијата на производи на стоковните марки од принципалите изнесува 17,2 проценти, ланецот на аптеки Farmacia со 6,9 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и во странство во вкупниот приход од продажба учествуваат со 9,2 проценти.


Видете следно

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED® пиксел светло

Opel го покажа првиот поглед на новата Insignia. Новото издание на предводникот на германскиот бренд …