АТРАКТИВНА ПОНУДА ЗА OPEL CROSSLAND X И ASTRA SEDAN


Опел Македонија подготви специјална понуда за сите што сакаат да тргнат во летна авантура со Crossland X Enjoy 1,2 со бензински мотор или Astra Sedan Enjoy 1,6 со бензински мотор. Со фантастичната понуда на финансискиот лизинг “Шпаркасе лизинг“ со отплата на 72 месеци, моделот Crossland X Enjoy 1,2 со бензински мотор може да се набави за 14.620 евра, со учество од 4.390 евра (30 %) и месечна рата од 169 евра.

Цената на Astra Sedan Enjoy 1,6 со бензински мотор со ист вид на финансирање на „Шпаркасе лизинг“ е 13.200 евра, со учество од 4.620 евра (35 %) и месечна рата од 139 евра за период од 72 месеци. Оваа атрактивна понуда за ограничена количина важи до 30 јуни 2018 година.

Crossland X е подготвен на сѐ благодарение на исклучителната флексибилност, напредните иновации со кои предничи во класата и енергичниот СУВ дизајн! Поседува единствена специфичност – фантастичен ентериер, насочен на оние што сакаат унапредена функционалност и практичност за своето семејство. Покривот кој е во две бои и е опција, големиот багажник, како и доволно простор во внатрешност се главни атрибути на Crossland X моделот, идеални за кратки шопинг патувања, но и за заминување на далечни дестинации.

Astra Sedan поседува комбинација што гарантира атрактивност, а тоа се заоблени линии, класични пропорции и робусен став. Нејзината ергономична кабина е апсолутно ориентирана кон возачот, а за блескавиот амбиент на внатрешност на оваа убавица придонесуваат и квалитетните материјали со исклучителна изработка.

Видете следно

Beko во борба против дебелината кај децата во Македонија

Навиките во исхраната се стекнуваат уште од најмала возраст и директно влијаат на психо-физичкото здравје …