Ацо Шопов: што би сторил да e Notre Dame чудом млада и убaва жена?


Богохулно, грешно и без срам
сека вечер мислам покрај Сенa:
што би сторил да e Notre Dame
чудом млада и убaва жена?
Да си в Париз, да си тaка сам
и самота така да те кине…
Дал’ и онa, би сакал до знaм,
рaмнодушно мене ќе ме мине?
O не, нема!.. Штом огрее ден
ќе ме втаса крај мирната река:
“Поведи ме во Boulogne i Vincennes,
столетија јас тебе те чекам.”
Како тогаш ќe ce сетам млад,
каква сила и пркос ќе сетам!
И сигурно – и во овој град
јас ќе бидам најнежен поета.
Ho попусто – сонот си e сoн,
a животот други далги влече.
Нема каде: преку Babylone
да одлутам на Pigalle и вечер.
И тргнувам без надеж, без моќ.
Сена плиска под лотките леки…
Барем да сум само една ноќ
едно кубе на нејните плеќи!

“Notre Dame” од Ацо Шопов


Видете следно

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од …