Breaking News

Toni Ivanoski

Костадиновска-Стојчевска: Да продолжиме да ја користиме моќта на театарот за да создадеме подобар свет

Театарските приказни имаат моќ да ги движат срцата и умовите, да инспирираат промени и да ги урнат бариерите. Денес ја славиме моќта на театарот кој сите нас нè поврзува, инспирира и предизвикува да го видиме светот со поинакви очи. Токму македонските актери се тие кои од прва рака го знаат …

Повеќе »

Шмит: Време е да заврши процесот на формирање власт во БиХ

Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит денеска предупреди дека е крајно време да се формира влада во таа земја врз основа на резултатите од изборите одржани уште во октомври и ги повика политичките партии да се однесуваат одговорно и на тој начин да обезбедат продолжување на потребните …

Повеќе »

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по една година престој во странство се врати во Кина

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“. Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд. Кон крајот …

Повеќе »

Ковачевски: Со заштитени идентитетски одредници сме рамноправна членка на НАТО, трасираме пат кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на настан во чест на 3-годишнината од приемот на Република Северна Македонија во НАТО, организиран од Министерството за надворешни работи. Станува збор за традиционален НАТО појадок со амбасадорите на земји членки на НАТО, како почеток на Деновите на НАТО …

Повеќе »

До 31 март скопјани можат да склучуваат договори за отплата на долгови за вода на рати и без камати

Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов. -ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на …

Повеќе »

Сојузот на средношколци на средба во МОН за барањата за државната матура

Претставници на Средношколскиот сојуз предводени од претседателот Лука Павиќевиќ денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири за да разговараат за барањата кои Генералното собрание на Сојузот ги усвои пред десет дена. Павиќевиќ за МИА изјави дека им е потврдена средбата што ја побарале со министерот …

Повеќе »

Во Кривичен треба да започне судењето против Латас и Лазаров

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Според обвинението, двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира …

Повеќе »

Најголемиот синдикат во Израел најави генерален штрајк

Претседателот на најголемиот синдикат во Израел, Арнон Бар-Давид за денеска најави генерален штрајк во знак на протест против плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за реформи во судството. Денешната одлука на Хистадрут, која претставува повеќе од 700.000 работници во различни сектори, од банки до транспорт и здравство, може да парализира …

Повеќе »

Максим Димитриевски со рејтинг над 5% во анкетите на ИПИС Скопје

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста. По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна …

Повеќе »

Рама: Оптимист сум за Балканот, особено ако успееме да влеземе под чадорот на ЕУ

Оптимизам за регионот, особено, како што вели, ако успее да се интегрира во Европската Унија, изразува премиерот на Албанија Еди Рама за грчкиот весник „Катимерини“. Говорејќи за Балканот потенцира дека е позната изреката дека во регионот произведуваме повеќе историја отколку што можеме да консумираме, но истакнува дека сепак, и покрај …

Повеќе »