Breaking News

Toni Ivanoski

Макстил го едуцира младиот стручен кадар на тема безбедност и здравје при работа

Со стручни предавања и презентации, Макстил започна со спроведување на нов проект за едукација од областа на безбедноста и здравјето при работа во средните стручни училишта во Скопје. Преку пренесување на знаењата и стандардите за безбедност при работа, младите се оспособуваат за безбедносните протоколи пред да бидат дел од работната …

Повеќе »

Ковачевски: Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“. За време на посетата, со сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани разговараа за предизвиците кои ги наметна економско-енергетската криза. Премиерот Ковачевски пред новинарите посочи дека изминатиов …

Повеќе »

Паметните телефони предизвикаа паника кај дел од штипјани по земјотресот, кој се случи рано утринава

Земјотресот во Штип со Рихтерова локална магнитуда од 3 и интензитет од четврти степен, кој се случи утринава во 2:41 часот е релативно слаб и е очекуван за вакво подрачје, вели деканот на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Ѓорѓи Димов. Поголемиот дел од штипјани не го почувствуваа, а паника …

Повеќе »

Бизнисот против замрзнување на цените, смета дека државните резерви се подобар механизам

Замрзнувањето на цените не е пазарна мерка, а ако Владата сака да интервенира за да го заштити населението, треба да ги активира стоковните резерви кои секогаш во ваква ситуација се покажуваат како подобар механизам, изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев. Според Пешев, економиите во светот имаат поинаков …

Повеќе »

Спасовски: Со Законот за кривична постапка целосно се усогласуваме со европското законодавство

Заедничката соработка и координацијата меѓу полицијата, обвинителството и судството е суштинска за работењето, но и за резултатите од криминалистичките истраги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во обраќањето на трибината „Криминалистички истраги (предистражна постапка) – координација и соработка со јавното обвинителство“ на Факултетот за безбедност. Обраќајќи се пред присутните, …

Повеќе »

Премиера на „Кајмак” на Манчевски во Италија, од 7 април и во кината во Бугарија

Филмот „Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја имаше и италијанската премиера, во селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал во Бари. Овој фестивал е еден од најголемите во Италија и е поврзан со две легендарни имиња на италијанската кинематографија – директорот Феличе Лаудадио, кој во богатата кариера беше на чело …

Повеќе »

Судскиот совет го реизбра Хасан Асани за претседател на Основен суд Тетово

Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово. Судијата Хасан Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со 9 гласа „за“ и три против. На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација. Судскиот совет, претходно …

Повеќе »

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“

Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор? Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна …

Повеќе »

Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар од кривична област. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број …

Повеќе »

СЗО ги промени препораките за вакцини против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер. Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна …

Повеќе »