Breaking News

Toni Ivanoski

Со посетата на Шоле реафирмирана цврстата поддршка на САД, за „црната листа” на санкции не било разговарано во Владата

Скопје, 12 јануари 2023 (МИА) – Посетата на Скопје на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле доаѓа во еден клучен момент за регионот и за Европа. Ова е вчерашната оценка по заедничката средба на премиерот Димитар Ковачевски со Шоле. Премиерот смета дека нашето силно стратешко партнерство со САД е од …

Повеќе »

Комеморација во чест на Катерина Крстева

РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на ден 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит. Во спомен на Кате – актерка со ведар дух …

Повеќе »

КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА ШТО ЕСМ КУПУВА ГАС ПО ЦЕНА ПОВИСОКА ОД БЕРЗАНСКАТА

Ако се направи споредба со ситуацијата пред една година, кога енергетската криза ескалира како резултат на војната во Украина, цените на природниот гас на берзите во Европа и во светот периодов се на најниско ниво. Истовремено, македонските државни компании одлучија да не ги следат пазарните услови, туку да се придржуваат …

Повеќе »

Бектеши: Се разгледуваат сите опции за да се намалат цените на основните прехранбени производи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислува да ја активира мерката за замрзнување на цените, рече дека се разгледуваат сите опции. Бектеши напомена дека цените на основните прехранбени производи моментно се стабилизирани за разлика од оние во септември и октомври кога имаше нагло зголемување, …

Повеќе »

РКЕ лани издала 267 лиценци за ОИЕ со вкупна инсталирана моќ од 152,2 мегавати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во 2022 година има издадено 267 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 152,2 мегавати, кои се приклучени или на преносна или на дистрибутивна мрежа и веќе произведуваат електрична енергија. Од нив 106,5 мегавати се …

Повеќе »

Решение за аерозагадувањето е енергетската трансформација, која е приоритет на Владата

Прашањето на загадувањето на воздухот не е прашање што може да се реши за период од 12 месеци, бидејќи е акутно 50 – 70 години. Најголемата причина за високото загадување во сите поголеми градови во текот на зимските месеци е загревањето на домовите со цврсти горива како дрво и други …

Повеќе »

Бектеши: За помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција. – Со децении не биле подготвени сите капацитети да произведуваат електрична енергија. За помалку од една година веќе сите капацитети се во функција и ќе бидат ставени во функција на …

Повеќе »

Ковачевски за средбата во Тирана: Го сметам за позитивен секој разговор за задржување на курсот на евроинтеграциите

Секој разговор на човек докажан пријател и евроатлантист кој го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство, во насока на задржување на курсот на европските интеграции за целиот регион, јас го сметам за позитивен и добредојден со оглед на тоа дека во нашиот …

Повеќе »

Штип во февруари ќе распише тендер за набавка на автобуси за градски превоз

Општина Штип во февруари ќе го распише тендерот за набавка на автобуси за реализација на проектот Градски превоз, информира за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Станува збор за набавка на шест нископрофилни автобуси, кои се модерни и еуро шест стандард. Градскиот превоз ќе го реализира ЈП „Стипион“, за …

Повеќе »

Привршува распределбата на картичките за „зелена нафта“ за земјоделците во Кочанско

Над 95 отсто од регистрираните земјоделски стопанства од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои поднеле барања за финансиска поддршка за 2021 година, веќе ги добиле картичките за „зелена нафта“. Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани привршува распределбата на картичките од втората фаза, односно за …

Повеќе »