Breaking News

Zoran Popov

Педесетта сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Во Народната банка денеска ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе  биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите …

Повеќе »

Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кичево изврши увид во градежните активности од изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци. Изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци започна во месец мај минатата 2023 година. Преку овој систем се опфаќа наводнување до нови 160 хектари обработливо земјоделско …

Повеќе »

Маричиќ: Со иницијативите за сорабока се зацврстува темелот на стабилен регион и стабилна Европа

– Приоритетите кои го обезбедуваат помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции, но и зајакнувањето на демократијата, темелните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и климатските промени биле на агендата на денешниот министерски состанок на во Скопје, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по …

Повеќе »

Села и Лога не го прифаќаат ултиматумот од „Вреди“ да се премислат до сабота и да ги добијат печатите на АА за самостоен настап

Коалицијата „Вреди“ денеска преку соопштение поставија ултиматум до Зијадин Села и Кренар Логар дека доколку до сабота се предомислат и да им се приклучат, ќе ги добијат печатите на Алијансата за Албанците за самостоен настап.  -Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно …

Повеќе »

Три лица загинаа во операции на израелската армија и судири на Западниот Брег

Три лица се убиени синоќа во операции на израелската армија во Џенин на Западниот Брег, јави ДПА, повикувајќи се на израелската армија. Израелските вооружени сили соопштија дека синоќа извршиле антитерористичка операција во градот, при што Палестинците фрлиле експлозивни направи. Војниците возвратиле на оган и убиле едно лице. Убиениот 19-годишен Палестинец …

Повеќе »

ОН: Домаќинствата во светот дневно фрлаат една милијарда оброци

– Во 2022 година домаќинствата во светот без потреба дневно фрлиле околу една милијарда оброци, покажуваат процените на Обединетите нации, кои денеска ја осудија „трагедијата“ со фрлање храна во светот. Во извештајот на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) за индексот на отпадот од храна се наведува дека …

Повеќе »

Јавното обвинителство доби поддршка од Република Франција

Соработката во областа на меѓународната правна помош, материјалните и кадровските ресурси на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик беа во фокусот на средбата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, со амбасадорот на Република Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, и со француската судијка за врски – генерален …

Повеќе »

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

Престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со лидерите на коалициските партнери потпиша коалициски договор со што формално се формира предизборната коалиција „Коалиција за европска иднина“, соопшти партиската прес-служба. Коалицискиот договор го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, …

Повеќе »

Мицкоски и Силјановска на средба со делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Подготовката на изборните процеси и запознавање со моменталната политичка состојба во предизборниот процес биле во фокусот на средбата меѓу претставниците на делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа  со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на партијата Александар Николоски и …

Повеќе »

СЗО: Постарите жени и жените со попреченост се изложени на голем ризик да станат жртви на насилство

Постарите жени и жените со попреченост се изложени на особен ризик да станат жртви на насилство и злоупотреба, но нивната ситуација е слабо видлива во повеќето глобални и национални извештаи за насилство, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во два извештаи објавени денеска, СЗО повика да се спроведат подобри истражувања …

Повеќе »