Авионска дезинсекција против комарци во недела и понеделник на подрачје на град Скопје


Во недела започнува авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а во понеделник следната недела терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци.

-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 20.06.2021 (недела) и 21.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 21.06.2021 (понеделник) до 25.06.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден, стои во соопштението од Град Скопје.


Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Град Скопје испраќа посебен апел до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели. свс/сп/

Скопје, 17 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

Општина Кочани обезбеди сопствени средства за почетна помош на оштетените објекти од пожарот

Локалната самоуправа на Кочани издвои два милиони денари од сопствената сметка, како почетна помош за …