Австралија и ЕУ започнаа преговори


Преговори за сеопфатен договор за слободна трговија меѓу Канбера и Брисел ќе започнат следниот месец, објавија денеска комесарот за трговија на Европската унија Сесилија Малмстром и премиерот на Австралија Малком Турнбул.

“Во времиња на предизвици, охрабрувачки е да видиме дека Австралија ја споделува нашата посветеност за позитивна трговска програма и идејата дека најдобрите трговски договори се победа и за двете страни”, рече Малмстром на заедничката прес-конференција во Канбера.

Преговорите се одвиваат во позадина на трговската војна меѓу САД и Кина.

Минатата недела претседателот на САД Доналд Трамп наметна давачки за 50 милијарди долари на кинескиот увоз кои беа пречекани брзо со реципрочни царини од Кина.

ЕУ е меѓу настраданите од одлуката на Трамп да наметне увозни давачки од 25 проценти за челикот и 10 проценти за алуминиумот. Австралија беше ослободена од царински давачки откако прифати да го ограничи својот обем на извоз во САД.


Видете следно

И со нецелосно функционални институции покажавме дека може да најдеме решенија за трансформација на економијата, порача Заев

Точно пред три години јас и Владата предводена од СДСМ ја презедовме одговорноста да ја …